Две третини нема потврди вечерва Димитров, пазарот продолжува ноќеска

17

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашното гостување на 1ТВ рече дека Владата се уште преговара со БЕСА и дека се уште не е финализиран текстот кој се однесува на државјанството, а кој требаше да гласи „македонско/државјанин на Република Северна Македонија“. Рече дека се уште немаат обезбедено 80 гласа, но дека се на добар пат.

-Цел ден сме во консултации. Ова е здраво за нас, бидејќи за важни прашања разговараме, наоѓаме решение, да ги покриеме главните грижи и сето да биде во духот на Договорот од Преспа. Финалето ќе се случи кога ќе се гласа, мислам дека работите одат во добра насока. Сакам да ги уверам и македонскиот народ и сите други дека сите интереси ги заштитуваме и дека ќе дојдеме до еден текст, уште не сме дојдени до таму. Во моментов најинтензивни разговори се водат со БЕСА како да се најде начин да се зачува формулата на државјаството од Договорот: македонско/граѓани на Република Северна Македонија, и од друга страна да се адресира стравот дека тоа не навлегува во нивната етничка припадност. И тој интерес е многу важен, рече Димитров.