Легендарниот боксер, Мајк Тајсон, имаше шокантна исповед во јавноста, дека некогаш имал врска со две лица во исто време, кои потоа починале од сида. Во изјава за „Интервју магазин“, тој рече дека не би требало да е жив, а не, пак, да се бори против Џејк Пол.
– Двајцата имаа сида. Јас и мојот пријател имавме односи со таа девојка, и двајцата починаа од сида. Не се заразив, неверојатно! – изјави Тајсон.
Сега, 58-годишниот боксер загуби од јутјуберот Џејк Пол, на својата последна борба, наводно заработувајќи 20 милиони долари, а 31-годишниот боксер – двојно повеќе.
Пред тој меч, но и по него, многумина се сеќаваа на бурниот живот на Тајсон, на неговите доблести, но и на фактот дека беше затворен поради силување на учесничка на изборот за мис во 1992 година. Тој беше во затвор и тврдеше дека нивната врска била заемна.