Да се врати задолжителното носење маски во здравствените установи

Комисијата за заразни болести препорача

979

Комисијата за заразни болести препорача да се воведе задолжително носење маска во здравствените установи. Препораката следува по појавата на подваријантата на коронавирусот Ерис во регионот, но и зголемениот број на ковид-случаи во Србија.

Според портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ оваа препорака е со цел да се минимизира можноста за пренесување на заразата, особено онаму каде што има загрозени групи кои можат да бидат подложни на тешка компликација, како резултат на инфекција со Ковид-19. Одлуката е со цел да се минимизира пренесување на заразата во здравствените установи.

-Имаме групи на пациенти кои може да бидат зафатени со тешка слика од Ковид вирусот кој може да се јави и летарен исход, изјави денеска д-р Мехмедовиќ.

Препораката ќе биде доставена до Министерството за здравство.

Во однос на целокупната ситуација во земјата и бројот на лекови, како и вакцинацијата, било заклучено дека во моментов имаме доволно вакцини и лекови кои што можат да бидат на располагање.

Засега нема препораки за маски во јавниот превоз и домовите за стари лица и лицата со посебни потреби. Околу носењето на маски во аптеките, Мехмедовиќ информира дека во тие објекти, препораките се неформални.

Според информациите од портпаролот на КЗБ, на Инфективна клиника има седум пациенти, претежно повозрасни со коморбидитети и повеќето се на кислородна поддршка.