Во Грција, од почетокот на учебната година во септември до денеска, поради кршење на забраната за користење мобилни телефони во училиштаа за време на наставата се суспенидрани вкупно 10.700 ученици, соопшти денеска грчкиот министер за образование Кирјакос Пјеркакакис.
Ваквите мерки се надоврзуваат на претходно усвоените регулативи против сајбер злоупотреба според која учениците можат да бидат отстранети од училиште ако ги снимаат своите соученици и тие снимки ги постават на Интернет со намера да ги исмеваат или навредуваат, потсетува Катимерини, пренесува Танјуг.