Еден од патниците кои се враќале од Турција со агенцијата „Беса Транс“, е Џафер Долек, кој ја избегнал стравичната несреќа поради тоа што погрешно го чекирал својот багаж, пренесува ТВ Сител.
Имено, Долек требал да се качи на автобусот што изгоре на автопатот Струма во Бугарија, но откако го ставил својот багаж во другиот автобус му било кажано да остане во истиот, бидејќи имало место.
Ова за ТВ Сител го раскажа таткото на среќниот патник, кој вели дека „само Господ го чувал синот“.