Потрошувачко лудило на отворањето на Лидл во Србија: Луѓето купувале по 30 пилиња и половина тон шеќер

14

 


По повеќе од половина година чекање, германскиот трговски ланец Лидл конечно ги отвори своите врати во Србија. Пред сите 16 продавници во земјата, од кои пет се наоѓаат во Белград, се создале редови и тоа уште од раните зори.
Како што пренесува Блиц, една Белграѓанка се пофалила дека купила најмалку 30 пилиња, а еден Новосаѓанец на отворањето се обезбедил со 500 килограми шеќер.
– Ги разгледував малку акциите и вниманието ми го привлече ова поволно пилешлко. Стасавме окоу 6 часот изутринава, а последни сме во редот, раскажал Перо Митровиќ кој дошол во придружба на сопругата и кој се надева дека, исто како и вдругите земји, кашео што бил во Лидл, ќе може да си го купи омилениот сладолед.
Пилешкото, инаку во српскиот Лидл е на акција и килограм чини 120 динари, а килограм шеќер се продава по цена од 44 динари.

Geplaatst door Dejan Mitrovic op Donderdag 11 oktober 2018