ГОУ ГРИН по трети пат собира младински барања за зелени општини

61

Здружението Гоу Грин Скопје по трет пат собира младински барања за зелени општини. Повикот е наменет за младите (15-29) од Општина Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Куманово, Гостивар и Прилеп, општини со кои здружението соработува од почетокот на мандатот на градоначалниците со цел да ги пренесе потребите на младите.

– Заедно со младите еко-активисти сакаме заедно да придонесуваме во младинската инфраструктура во општините, и да придонесеме за нивна едукација кон одржливи навики, кои директно ќе влијаат врз околината, вели Арта Ќерими, програмски координатор.

Процесот започнува со собирање на идеите и барањата, селектирање на истите според надлежностите на општината и на крај нивно доставување до градоначалниците. Градоначалниците на овие шест општини во нивната предизборна кампања се заложија преку оваа соработка да ги реализираат барањата на младите за нивните општини да бидат зелени. Добри примери за реализација на овие барања се велопетека во о.Кисела Вода како и поставување на столоби на тротоарите во о. Аеродром.