Голден стејт ќе трејдува со Њу Орлеанс

20

Иако акуелниот шампион во НБА лигата, екипата на Голден стејт, има моќен тим, а тоа го покажа со „метлата“ (4-0 во победи) во финалето против Кливленд, сепак управата нема тука да застане и во својот ростер ќе се обиде да донесе уште една мега-ѕвезда. Станува збор за Ентони Дејвис од Њу Орлеанс.

Дејвис имаше нова одлична сезона во дресот на Њу Орлеанс и ова лето би можел да менува тим кој ќе му одговара согласно со амбициите. Една од опциите е и Голден стејт, од каде се подготвени на мега трејд.

„Воините“ ќе ги понудат Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин, за да ги убедат „пеликаните“ да ја прифатат понудата за својот најдобар кошаркар.

Дејвис во регуларниот дел од сезоната одигра 36,4 минути по меч, за кои во просек даде 28.1 поени, 11,1 скока, 2,3 асистенции, 2,6 блокови и 1,5 украдени топки.