„Отворањето на изложбата завчеравечер во Мала станица беше проследено со голем интерес. Годишната изложба претставува сублимат, пресек на активното творештво на членовите на ДЛУМ. Таа е карактеристична по тоа што не е селективна и секој актер се претставува со дело по свој избор. Имавме различни медиуми кој зависеше од изборот и интересот на авторите, од современи концепти, инсталации, класичното штафелајно сликарство, скулптури просторни решенија…“, посочува Јана Манева-Чупоска претседател на ДЛУМ. На изложбата која е отворена во Мала станица беа доделени и награди
Во „Мала станица“ љубителите на уметноста од завчеравечер можат да ги видат делата на македонските уметници претставени во рамките на Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Пред јавноста е претставена продукцијата на 57 автори, членови на ДЛУМ. Големиот интерес за овој настан ги наполни просториите на галеријата во која вчеравечер беа доделени и наградите на ДЛУМ, како и благодарници за соработниците.
„Отворањето на изложбата вчера имаше голема посетеност. Годишната изложба претставува сублимат, пресек на активното творештво на членовите на ДЛУМ. Таа е карактеристична по тоа што не е селективна и секој актер се претставува со дело по свој избор. Имавме различни медиуми кој зависеше од изборот и интересот на авторите, од современи концепти, инсталации, класичното штафелајно сликарство, скулптури, просторни решенија… Многу е важно да се види моменталното творештво. Исто така претставува и еден убав хетероген процес, обединувачки, а тоа е дека им е важно членството во ДЛУМ и јавното претставување на тоа што во моментот работат и ги окупира како процес“, посочува Јана Манева-Чупоска, претседателка на ДЛУМ.
Според ДЛУМ, изложбата има цел да ги прикаже актуелните ликовни стилови и техники, како и да им овозможи на сите учесници, јасно согледување на своето место во ликовниот простор на земјава во период од една година
Инаку, уметничкиот совет на ДЛУМ пак, годинава додели три награди, најпрестижната „Нерешки мајстори“, награда за сликарство и за скулптура.
„Уметничкиот совет на ДЛУМ одлучи наградата ‘Нерешки мајстори’, која не се доделува секоја година , а која еснафот ја врачува како најголемо признание за исклучителни уметнички достигнувања и вредности, годинава да му припадне на професорот Душан Перчинков бидејќи сметаме дека неговото име навистина е достојно да се најде на листата на добитници на ова признание. Таа сведочи за сериозноста на ДЛУМ во препознавање на квалитетите на нашата сопствена култура и традиција. Неговото дело навистина плени и сите учиме од него. Тој ја поседува неверојатната креативност во изразот.
Наградата за сликарство пак, ја доби Дијана Томиќ-Радевска за сликата, поточно графичка боја на платно, насловена „Поглед во далечина“, додека наградата за скулптура му беше доделена на Доротеј Нешовски за делото насловено „Ноќна шума“.
Нивните дела посебно се издвојуваа“, посочи Маја Рауник-Кирков, претседателката на Уметничкиот совет на ДЛУМ.
Изложбата ќе биде отворена до 31 ноември.
(Д.Т.) Фото: П.Стојановски