Германците со порака до Америка: “Не се мешајте во Северен тек 2”

14

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги повика Соединетите Американски Држави (САД) да не се мешаат во прашања поврзани со европската енергетска политика, пишува „Капитал„.

„Прашањата поврзани со европската енергетска политика треба да се решаваат во Европа, а не во САД”, нагласува Мас. Според него, “Северен тек 2” не е исклучиво германски и руски проект, туку тој има паневропско значење. Мас истакнува дека Германија сериозно го сфаќа скептицизмот на партнерите од Средна и Источна Европа во поглед на Северен тек 2, но потенцира дека едностраното воведување на санкции за овој проект не е исправниот пат.

Проектот Северен тек 2 подразбира изградба на два крака од гасоводот со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичко море до Германија.

Против реализацијата на гасоводот се неколку држави, а посебно Украина, која се плаши дека со тоа ќе ги загуби приходите од транзит на руските енергенси, како и САД, кои имаат амбициозни планови за извоз на американски течен гас во Европа.
Германската канцеларка Ангела Меркел неколку пати досега потенцираше дека Северен тек 2 го гледа како исклучиво комерцијален проект, но истовремено ја поврзува неговата реализација со зачувување на транзитот на руски гас преку Украина.