Во Ѓорче Петров отворен Младински информативен центар

3

Во општина Ѓорче Петров денеска е отворен Младински информативен центар (МИЦ). За таа цел градоначалникот Александар Наумоски потпиша меморандум за соработка со Здружението на граѓани Евростартер – Скопје. МИЦ ќе ги детектира проблемите на младите во општината со цел да се има појасен увид што може да се направи за нив, а и колку тие можат да и помогнат на општината.

Центарот ќе биде отворен за драмски секции, а ќе се може да се изведуваат и музички проби.

– Преку МИЦ ќе се споделуваат информации за постоечките иницијативи за едукација, до­едукација и вработување, помагање во процесот на аплицирање на разни проекти и повици, вмрежување и стимулирање на создавање нови НВО-а, обезбедување катче за младите и невладините организации, и организирање јавни дебати и настани – велат од општина Ѓорче Петров.