Во филмот на Оскаровецот Шазел: Рајан Гослинг како Нил Армсронг во “Првиот човек“

21

Познатиот холивудски актер Рајан Гослинг го глуми Нил Армстронг во филмот “Првиот човек“ на режисерот Дамјен Шазел, кој минатата година за филмот “Ла Ла Ленд” доби Оскар за најдобра режија.

Филмот дава приказ на напорите на НАСА да го испрати првиот човек на Месечината, фокусирајќи се првенствено на животот на Нил Армстронг во периодот меѓу 1961 и 1969 година. Шазел ќе се обиде да прикаже кои се жртви морал да поднесе Армстронг и како всушност изгледала една од најстрашните мисии во историјата.

Главната улога во овој филм ја има Рајан Гослинг, кој е олицетворение на Нил Армстронг, првиот човек кој чекорел на Месечината.
Освен Гослинг во филмот се појавува и Клер Фјо која ја глуми Џенет, сопругата на Нил, како и Пабло Шрајбер, Кајл Чендлер и Џејсон Кларк.
Филмот ќе почне да се прикажува во киносалите од 12 октомври.