Во тунел во Швајцарија изгоре автобус полн со ученици од Сплит

4

Во тунел во Швајцарија целосно изгоре автобус со кој средношколци од Сплит се враќале од одмор во Швајцарија. Сите ученици навреме излегле од запалениот автобус и за среќа ниту еден од учениците не е повреден.

Автобусот се запалил додека бил во тунелот.

Децата, од кои најголемиот број останале без документи и лични предмети, па дури и без јакни, се сместени во противпожарен дом во близина на местото Бриж. Децата таму добиле топли напитоци и оброк.