Полицијата во Гевгелија откри лажна очна докторка, надрилекар.
Како што информираа од МВР станува збор за М.Г. (62) од Гевгелија, против која е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „надрилекарство“.
Во периодот од мај 2016 година до поднесување на пријавата, докторката , без да поседува соодветно образование, положен стручен испит и лиценца за работа за вршење на лекарска дејност, вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти.