Сите оние кои со своите автомобили тргнуваат кон омилените грчки летувалишта се заинтересирани за цените на горивото. Информациите велат дека на српските бензински пумпи горивото е поскапо во споредба пумпите во Македонија и Грција.
Српските медиуми деновиве информираат за цените на бензинот БМ 95 и на дизелот во земјите од регионот. Според податоците на GlobalPetrolPrices.com ажурирани во последните денови од мај, најевтин бензин се плаќа во Македонија,а Србија е некаде на средина. Најскап е бензинот во Грција. Дизел во Македонија се точи по најниски цени, а најска во Грција и Албанија.
Цени на бензинот евро премиум БМБ 95 за литар во Македонија чини 1, 308 евра, во Бугарија 1.288 евра, Босна и Херцеговина 1.322 евра, Хрватска со 1.450 евра, Словенија со 1.380 евра, Србија 1.518 евра, Црна Гора 1.490 евра,
Албанија 1.571 и Грција 1.865 евра.
Според податоците на GlobalPetrolPrices.com цени на дизелот за литар во
Македонија се 1.121 евро, во Бугарија со 1.236 евра,Хрватска -1.440 евра, Босна и Херцеговина -1.245 евра,Црна Гора- 1.340 евра, Србија -1.578 евра, Грција- 1.556 евра, Албанија – 1.571 евра и Италија 1.662 евра.