Во КИЦ Скопје: Изложба на скулптури “Нагоре”

35

 

Во Културно-информативниот центар – Скопје, во изложбениот салон “Империјал 2#, вечерва (14 јуни) во 20 часот, ќе се отвори изложба на скулптури “Нагоре” од Владимир Симоновски.

Симоновски, роден во Битола 1974 г. апсолвирал на Машински факултет во Скопје, а дипломирал вајарство на ФЛУ – Скопје, во класата на проф. Ибрахим Беди. Досега излагал во Македонија, Турција, Бугарија и Франција. Се занимава и со театарска сценографија, костимографија и внатрешно уредување.

Изложбата ќе биде отворена до 23 јуни.