Во Евролига нема место за вториот клуб од АБА-лигата

97

Извршниот директор на кошаркарската Евролига, Џорди Бертомеу, смета дека ситуацијата не е таква поради која АБА лигата би добила место повеќе во елитното натпреварување. За ова тој говореше за време на Ф4 турнирот во Викторија, каде се осврна и на многу други актуелни прашања во светот на европската кошарка.

Постоела иницијатива за промени, но ја отфрли можноста дека АБА лига ќе добие дополнително место во Евролигата во наредната сезона, па поради тоа, во елитното натпреварување ќе има место само за шампионот Црвена звезда.

  • Во овој момент мислам дека нема место за вториот тим од АБА лигата. Тешко е да се процени кој тим има најстабилна структура со која би се подигнало новото на квалитет во најдобрата лига, бидејќи има многу подеми и падови во клубовите кога е во прашање АБА лигата. Моментно немаме таква намера, не размислуваме за тоа дополнително место за Јадранската лига, заклучи Бертомеу.

Тој исто така додаде дека ситуацијата околу Олимпијакос во грчкото првенство нема да има влијание врз нивната позиција во елитната конкуренција, односно дека двата грчки тима ќе добијат можност за натпреварување и во наредната сезона. Олимпијакос денеска ќе треба да го одигра натпреварот од плејофот против Панатинаикос, а доколку тоа не се случи, ќе се пресели во понизок ранг.

  • За нас, тука се е јасно. Ние немаме влијание врз националната лига, а јас не верувам дека она што се случува во Грција може да има влијание врз Евролигата. Се надевам дека за доброто на кошарката ќе се реши целиот случај на позитивен начин. Двата грчки тимови ќе имаат можност да се натпреваруваат во Евролигата и наредната сезона, заврши првиот човек на Евролига.

Инаку, единствениот македонски претставник, МЗТ Скопје, не успеа да обезбеди пласман во првата АБА лига, па поради тоа се очекува и наредната сезона да биде дел од втората регионална лига, секако, доколку не дојде до некоја промена на Годишното собрание кое треба да се одржи во јуни.