„Фамилија Адамс“ е насловот на претставата што од неодамна се подготвува од ансамблот на Драмски театар – Скопје во режија на Теа Беговска. Имагинарната „Фамилија Адамс“ е креација на американскиот писател и карикатурист Чарлс Самјуел Адамс, познат по користењето на црниот хумор.
Сценографијата е на Никола Пијанманов, а Ратка Џамбазовска-Коцев и Раде Василев ги креираат костимите. Автор на музиката е Енес Беговски, а за кореографијата е задолжен Бојан Лазаров.
Актерите на Драмски театар: Предраг Павловски, Трајанка Илиева- Вељиќ, Гордана Ендровска, Нина Елзесер, Сашо Тасевски, Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Емилија Мицевска, Златко Митрески и Маја Вељковиќ-Пановска ги играат ликовите во претставата „Фамилија Адамс“.
Како што соопштуваат од театарот, изведбата на претставата е најавена за 25 декември, што ќе биде четврта премиера од почетокот на годинава, а се реализира од сопствени средства на оваа театарска институција.