Во библиотека вратена книга, изнајмена пред 84 години

11

Маж од Луизијана, САД, избегнал огромна парична казна, откако вратил книга во библиотека, која била изнајмена пред 84 години.

„Подобро доцна да ја вратиш книгата, отколку никогаш, зарем не? Имавме интересен случај, кога еден маж врати книга во нашата библиотека, откако неговата мајка ја изнајмила далечната 1934 година, кога имала 11 години“, навеле од библиотеката Shreve Memorial во Луизијана.

Инаку се работи за делото Spoon River Anthology на авторот Едгар Ли Мастерс. Книгата инаку требало да биде вратена на 14 април 1934 година.

Се работи за книга која претставува збирка на песни, кои во прво лице ја испеал мртви жители на измислениот град Spoon River, кои се рефлексија на нивните животи и нивната смрт.

Човекот ја нашол книгата во куќата на родителите и се одлучил да ја врати, а рекол дека истото би го направила и неговата мајка кога би била жива.