Враќањето на безусловната препорака за отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ е позитивен сигнал кој треба да резултира и со безусловно доделување на датум за преговори. Тоа би била вистинската награда за сите напори во реформите кои ги реализираше Република Македонија изминативе години, а кои беа исто така нотирани во позитивни извештаи со безусловна препорака седум години по ред, од 2007 дo 2013 година.
СДСМ ветуваше дека Република Македонија ќе ја внесе во ЕУ и НАТО за шест месеци, а сега сме сведоци на растечка корупција и критики во круцијални делови од извештајот. Република Македонија е најкорумпирана земја во Европа, а истото беше нотирано и во извештајот на Транспаренси на кој што земјава пропадна за уште 17 места подолу. Сега истиот факт е нотиран и во извештајот на ЕУ. Република Македонија е заробена држава. Потврдена е корупцијата на високо ниво и партизацијата на институциите. Европската комисија јасно го нотира и политичко влијание во институциите.
Власта е неефикасна и во борбата против организираниот криминал. Зоран Заев е единствениот Премиер во Европа за кого сведоци во судот потврдуваат дека барал поткуп, а истиот го предводи телото за судски реформи.