Влатко Стојкоски е нов директор на Државен пазарен инспекторат

165

Влатко Стојкоски е нов директор на Државен пазарен инспекторат (ДПИ), потврдија од Владата за МИА.

Досегашниот директор на ДПИ, Горан Трајковски е разрешен поради промените на кадрите на новата власт.

Од Министерство за економија изјавија дека Државниот пазарен инспекторат во претходниот период сериозно си ја вршеше работата и во одредени моменти настапи со казни кои не беа мали. Оттаму се надеваат дека ДПИ во иднина ќе има многу поголема контрола и ќе прави контролни мерки и надзори во сите трговски места каде се продаваат прехранбени производи за да може да ги регулираaт цените и да го заштитат стандардот на граѓаните.