Екипата на „Медена земја“ ќе биде наградена со три милиони денари, одлучи Владата на седница.
За оваа одлука информираше министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејбук профил.
– Нашите Медени, вчера го освоија најважниот Оскар – за човечност, едноставност, свесност за животната средина и големо . Ги освоивте нашите срца и срцата на милиони луѓе низ целиот свет и со еден симболичен гест сакаме да се заблагодариме – затоа вечерва донесовме одлука на владината седница за парична награда од 3 милиони денари за екипата Медени. Бидејќи го додадовте епитетот ”Медена” на нашата земја. Бидејќи нѐ направивте тооолку горди! , напиша Ангеловска на Фејбук.
Документарниот филм „Медена Земја“ не доби оскар, но беше номиниран во две категории – за најдобар документарен филм и за филм од неанглиско потекло.