Ако им се верува на британските медиуми тогаш бранителот на тронот во Премиер лигата, тимот на Манчестер Сити, важи за апсолутен фаворит кога е во прашање потписот на најдобриот фудбалер во дресот на германскиот бундеслигаш, Баер од Леверкузен, Флоријан Вирц. Голем интерес за офанзивниот играч за врска покажува и шпанскиот гигант Реал (М), а од неговата продажба популарните „фармацевти“ очекуваат заработка не помала од 100 мил. евра.