• ​​
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • СКОПСКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КУЛТУРА
  • LIFE
  • ЗАБАВНА
  • СПОРТ
    • ФУДБАЛ
    • КОШАРКА
    • РАКОМЕТ
    • ОСТАНАТИ СПОРТОВИ
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Претплата
  • Архива
  • Контакт
Menu
вторник, април 24, 2018
Follow on Facebook Follow on Twitter Follow on Google+ Follow on Youtube Follow on Instagram
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Претплата
  • Архива
  • Контакт
Вечер
  • ​​
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • СКОПСКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КУЛТУРА
  • LIFE
  • ЗАБАВНА
  • СПОРТ
    • ФУДБАЛ
    • КОШАРКА
    • РАКОМЕТ
    • ОСТАНАТИ СПОРТОВИ
  • Home
  • ЕКОНОМИЈА
  • Винското грозје ќе стане стратешки производ со организиран откуп и редовна исплата
ЕКОНОМИЈА

Винското грозје ќе стане стратешки производ со организиран откуп и редовна исплата

13 февруари, 2018
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+

Со предложените законски измени ќе се решат проблемите со вишокот на винско грозје преку пријавување на планираните количини на производство наменето за откуп, објавувањето на откупните цени пред почетокот на откупот, правилно мерење на шеќерните единици во откупот на винско грозје, редовна исплата на лозарите…

Со предложените измени на Законот за вино кои се во собраниска процедура се предвидува винското грозје да има стратешко значење како тутунот, да се квалификува виното како прехранбен земјоделски производ, да биде обезбеден организиран откуп и редовна исплата на откупените количини на грозје.
Кај лозарите постои извесен оптимизам дека со измените на Законот за вино ќе се решат голем дел од проблемите во врска со откупот и исплатата на грозјето. Во пресрет на верскиот празник Свети Трифун, кој се смета за заштитник на лозарите тие очекуваат исплата на заостанатите субвенции, неисплатено грозје од одделни винарници, дополнителните субвенции од два денари за килограм грозје продадено во домашни винарии, како и надоместокот за обесштетување од мрзнењето на лозјата.
– Потребно е винското грозје да има ист третман како тутунот, односно да биде стратешки производ, да има загарантиран откуп, а исплатата да биде неколку дена по откупот. Се додека не се решат овие работи проблемот со вишокот на грозје нема никогаш да се реши, истакна Љупчо Аризанов претседател на Регионалниот сојуз на лозарите “Агротиквешија#.
Тој додава дека и субвенциите на лозарите и преземеното винско грозје од винариите се уште не е целосно исплатено. – Има винарии кои целосно го имаат исплатено винско грозје, а има и такви кои постојано доцнат со исплатата, а ги немаат подмирено своите обврски кон лозарите и за неколку години, вели Аризанов.
И пратеникот Панчо Минов на трибината во Кавадарци на која се расправаше за измените на Законот за вино рече дека винското грозје треба да има третман на стратешко значење, да се квалификува виното како прехранбен земјоделски производ и да има обезбеден и организиран откуп и редовна исплата на откупените количини на грозје.
Во Законот за виното се уредуваат планирањето и управувањето со производствениот потенцијал за производство на винско грозје, производството на вино, пазарот и прометот со вино, класификацијата на вината, производството, означувањето и заштитата на вината со географски назив и описот, како и здружувањето на производители на вино.
Според сегашниот Закон за вино, винското грозје не е дефинирано како земјоделско-прехранбен производ од стратешко значење и не е прецизирано управувањето и планирањето со производството, прометот и откупот на винското грозје за преработка и производство. Имено пазарот на понудата и побарувачката на винско грозје за производство на вино често се нарушени со појави на вишок на винско грозје за откуп, неблаговремено објавување на откупните цени, диктирање на ниски откупни цени, неправилности во мерењето на шеќерноста при откупот и ненавремена исплата на откупените количини на винско грозје.
Со предложените законски измени ќе се решат проблемите со вишокот на винско грозје преку пријавување на планираните количини на производство наменето за откуп, објавувањето на откупните цени пред почетокот на откупот, правилно мерење на шеќерните единици во откупот на винско грозје, редовна исплата на лозарите, воведување на директни плаќања како финансиска поддршка на производителите на винско грозје и вино и заштита на вината кои носат ознака на географски назив на виногорието.
Исто така, виното ќе добие стратешко значење на прехранбен производ, ќе се преземаат мерки за планирање и управување со производниот потенцијал и организирање на пазарот на винското грозје наменето за откуп и производство на вино, како и за извоз на истото.
(А.С.)

Previous ArticleСкопје ќе пукне, се градат уште 4.094 нови станови
Next ArticleТутунарите ќе се офајдат – се зголемуваат субвенциите за тутун

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

  • ЕКОНОМИЈА

    Криптовалутите пред колапс – уште една земја ја забрани нивната употреба!

  • ЕКОНОМИЈА

    Четири милиони евра од ЕБОР за енергетска ефикасност во домаќинствата

  • ЕКОНОМИЈА

    Проект за зголемување на конкуретноста во занаетчиството

  • ЕКОНОМИЈА

    Проект за зголемување на процентот на користење на ИПАРД фондовите

  • ЕКОНОМИЈА

    Мицкоски: Јавниот долг е 4,786 милијарди евра

  • ЕКОНОМИЈА

    Исплатени 104,7 милиони денари субвенции за грозјето

Ad
Ad

ШТОТУКУ ОБЈАВЕНО

  • Лавров се сомнева дека САД ќе се повлечат од Сирија
  • Зариф: Во обид да бидеме најсилни го уништивме регионот
  • Умерен земјотрес во Турција, 13 лица повредени
  • Фејсбук за три месеци отстранил речиси два милионa екстремистички содржини
  • Криптовалутите пред колапс – уште една земја ја забрани нивната употреба!

Насловна

  • Број 16.723

    Број 16.723

Фото на денот

  • Ред за пари

    Ред за пари

Фељтон

  • ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : од  РИСТЕ КОЛЕВ СТАМБОЛДЖИЈОВСКИ (18)

    ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : од РИСТЕ КОЛЕВ СТАМБОЛДЖИЈОВСКИ (18)

ТОП 3 ВЕСТИ

  • Лавров се сомнева дека САД ќе се повлечат од Сирија
  • Зариф: Во обид да бидеме најсилни го уништивме регионот
  • Умерен земјотрес во Турција, 13 лица повредени

Архива

  • април 2018
  • март 2018
  • февруари 2018
  • јануари 2018
  • декември 2017
  • ноември 2017
  • октомври 2017
  • септември 2017
  • август 2017
  • јуни 2017
  • февруари 2017
  • јануари 2017
  • декември 2016

ПОВРЗАНИ

СВЕТ

Лавров се сомнева дека САД ќе се повлечат од Сирија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека САД не планираат да ја напуштат Сирија и покрај тврдењата на Вашингтон

Posted on 24 април, 2018
СВЕТ

Зариф: Во обид да бидеме најсилни го уништивме регионот

Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф изјави дека ниту Иран ниту Саудиска Арабија не можат да бидат доминантна сила на

Posted on 24 април, 2018
Follow us on Instagram

НАЈНОВИ ВЕСТИ

  • 24 април, 2018
    Лавров се сомнева дека САД ќе се повлечат од Сирија
  • 24 април, 2018
    Зариф: Во обид да бидеме најсилни го уништивме регионот
  • 24 април, 2018
    Умерен земјотрес во Турција, 13 лица повредени

Вечер на Social Media

  • Facebook
  • Twitter
  • Google+
  • Instagram
  • YouTube

КОНТАКТ

  • Редакција: 3219-650
  • Маркетинг: 3219-652
  • E-mail: info@vecer.press

КАТЕГОРИИ

  • LIFE(1.385)
  • БАЛКАН(1.690)
  • ВИДЕО(4)
  • ЕКОНОМИЈА(3.415)
  • ЗАБАВНА(1.346)
  • КОЛУМНИ(8)
  • КОШАРКА(619)
  • КУЛТУРА(1.675)
  • МАКЕДОНИЈА(6.307)
  • ОСТАНАТИ СПОРТОВИ(913)
  • РАЗНО(2.434)
  • РАКОМЕТ(591)
  • СВЕТ(2.748)
  • СКОПСКА(1.146)
  • СПОРТ(3.304)
  • ТОП(1.553)
  • ФУДБАЛ(1.516)
© Вечер Прес, сите права задржани
Сите содржини и објави на vecer.press се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.