Виетнамски лекари спасија од смрт пациент вбризгувајќи му пет литри пиво во стомакот, објави Дејли меил.
Пациентот бил на возраст од 48 години и бил донесен во многу тешка состојба на интензивна клиника во болница во провинцијата Куангчи.
Нивото на метанол во крвта му било 1.119 пати повисоко од нормалното. За да го спасат му бризгале во стомакот три кригли (околку еден литар).
Со тоа го забавиле обработувањето на метанолот од црниот дроб. Тоа им дало доволно време да ја пречистат крвта преку дијализа.
Лекарите му вбризгувале пиво во стомакот на секој час по една кригла пиво. Пациентот дошол „на себе“ по 15-та кригла.
Пивото содржи етанол, противотров за метанолот.
Стомакот и цревата продолжуваат со испуштање алкохол во крвта дури и кога човек прекинал да пие или е во бесознание. Затоа за извесно време нивото на алкохол во крвта продожува да се зголемува. Алкохолот е во две варијанти – метанол и етанол. Човечкиот црн дроб го разградува прво етанолот. Метанолот е опасен бидејќи се закиселува во формалдехид, од кој се формира мравја киселина.