Виена – една деценија најпосакуван град за живот, Скопје на 161. место

8

Десета година по ред Виена е прогласен за најпосакуван град за живот, покажале најновите податоци на истражувањето на консултантската компанија Мерсер. Покрај главниот град на Австрија, меѓу најпосакуваните светски градови дури 13 се од Европа.

На второто место се најде Цирих, а го следат Окланд, најголемиот град на Нов Зеланд, Минхен и Ванкувер, кој воедно е најдобро позициониран град во Северна Америка.

Од поголемите градови во Европ, Берлин се најде на 13 место, а го следат Хамбург на 19 место, Париз на 39, како и Лондон на 41 место.

Што се однесува од градовите на Балканот, најдобро се позиционира главниот град на Словенија, Љубљана на 74 место, додека Белград се најде на 139 место, Сараево на 156 место. Скопје се најде на 161 место.

Листата на Мерсер опфаќа 231 градови во светот, а при креирање на истата се следи политичката стабилност, процентот на криминал, слобода на граѓаните, квалитетот на здравствениот систем, сѕепенот на образование на граѓаните, развиеност на јавниот превоз и пазарот на недвижности.