Вардар го прегази Кристијанштад

10

Ракометарите на Вардар а забележаа и втората победа во групната фаза во Лигата на шампионите. Во премиерниот настап пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“, вардарци славеа против Кристијанштад со 33:25. Со овој триумф Вардар ја продолжи и импресивната серија со седум победи во сите седум меѓусебни дуели со шведскиот првак.

Иван Чупиќ постигна седум, Вуко Борозан запиша пет, а Тимур Дибиров додаде четири гола во победата на Вардар. Дејан Милосављев заврши со 10 одбрани. Кај Кристијанштад најефикасен беше Адман Нифјал со пет гола.

Во наредното трето коло во Лигата на шампионите, Вардар на 29 септември му гостува на Веспрем.