Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, разговарал со лажен премиер

12

– Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, разговарал за меѓународни односи со лице кое лажно му се претставило како ерменски премиер.

Џонсон беше цел на измама и е изложен на јавен потсмев, пишуваат британски медиуми.

Тој зборувал 18 минути по телефон за односите со Русија, иранскиот нуклеарен договор, Сирија и многу други работи, не знаејќи дека тоа е руски комичар, кој потоа го објавил разговорот на интернет.

Британското Министерство за надворешни работи потврди дека се работи за „детска измама“.
Рускиот комичар тврдел дека е новиот ерменски премиер Никол Пашинјан и оти наскоро ќе се
состане со рускиот претседател Владимир Путин.
– Се надевам дека тој нема да ме отруе со „Новичок“, му рекол на Џонсон, алудирајќи на
труењето со нервен агенс на двојниот шпион Сергеј Скипал и неговата ќерка Јулија.

Џонсон рече дека „би дошол во Ерменија за да види какво искуство имаат тие со Новичок” и
зборувал за санкциите против руските богаташи што живеат во Велика Британија.