Борел: ЕУ најостро го осудува терористичкиот напад на северот на Косово

476

Европската унија „најостро го осудува терористичкиот напад“ извршен во петокот на водниот канал Ибар-Лепенац во Зубин Поток на северот на Косово.

„Тоа е ужасен чин на саботажа на критичната цивилна инфраструктура на Косово, која обезбедува вода за пиење за значителен дел од населението на Косово и е витална компонента на енергетскиот систем на Косово“, рече шефот на дипломатијата на ЕУ во заминување, Жозеп Борел, во изјавата.

Тој ја изрази својата солидарност со сите на цело Косово кои беа погодени од нападот и додаде дека тоа попладне му го пренел на премиерот на Косово Албин Курти.

„Криминалното дело извршено во Зубин Поток мора да се истражи, а неговите сторители да се изведат пред лицето на правдата. Во таа насока, ЕУ ги повикува сите заинтересирани страни целосно да соработуваат со косовските власти и ќе продолжи внимателно да го следи развојот на настаните“, рече Борел, додавајќи дека ЕУ понудила поддршка на косовските власти и продолжува да ги координира следните чекори со релевантните партнери, вклучувајќи го и КФОР.

ИЗДВОЕНИ