Бонуси за работниците до 3.000 евра за да ја „истуркаат“ зимата

258

Вработените во Германија ќе можат да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно да ја надминат високата инфлација, одлучи Бундестагот.

Олеснувањето ќе важи до крајот на 2024 година. Сепак, отворено е прашање колку работодавци ќе можат да исплаќаат бонуси. Претседателот на синдикатот на работодавачи Рајнер Дулгер рече дека не сите компании се во состојба да се изложат на таков трошок.

Веќе за време на пандемијата постоеше можност за исплата на неоданочена премија. Сепак, не се знае колку фирми ги исплатиле и за какви суми се работи.

Предуслов за даночно ослободување е парите да се исплаќаат покрај редовната плата. Дополнително, работодавачот мора да наведе дека се работи за паушал кој е поврзан со поскапувањата. Во случаите на корисници на социјална помош, премијата не треба да се смета како приход.