Од  Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ за весникот ВЕЧЕР посочуваат, во иднина да нема вработување на договор на дело, туку само преку официјални конкурси, бидејќи тоа е деградација на овие вработени кои дадоа сè од себе кога беше ковид-пандемијата. Според нив за сестрите потребен е целосен системски ресет, започнувајќи од образованието па сè до вработувањето, но ако не се стори тоа, во иднина ќе има сериозен недостаток на овој персонал. На добар дел од овие лица до крајот на годинава има  завршуваат договорите за работа.  

 

 

Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ го подржуваат министерот за здравство  Фатмир Меџити кои што деновиве кажа дека на владина седница ќе побара здравствените работници што се под договор на дело да бидат вработени на неопределено работно време. Тој потенцираше дека ако не се стори тоа, ќе останат без овој здравствен потенцијал, оти на  добар дел од овие лица до крајот на годинава има  завршуваат договорите за работа. Од здружението апелираат  дека не е потребна само промена на статусот „договор на дело“, според нив во иднина треба да се укине и веќе да не постои ваков статус на договор, оти во спротивно тие ги пакуваат куферите и заминуваат на работа во странство.

-Здравствениот систем со ваков статус на медицинските сестри е на стаклени нозе, затоа во иднина треба да се продолжи со  имплементирање на континуирани конкурси и вработувања, за да нема вакво деградирање на нашата професија. Не може да има договор на дело то трае со години, а кога ќе се објави конкурс се вработуваат лица од надвор- реагираат остро од здружението и прашуваат  дали ова е трошка надеж за медицинските сестри?

Тие сметаат дека за сестрите потребен е целосен системски ресет, започнувајќи од образованието па се до вработувањето.Потсетуваат дека сестрите со ваков нерешен статуст ја поминаа најтешката светска пандемија на ковид-19 работејќи секој ден, дежурства без и еден ден одмор.

-Оваа социјална категорија на медицински сестри е конечно на дневен ред, но поважно е да се запрашаме дали ќе се промени овој статус, и ако се промени дали истиот повеќе нема да постои? Или сите овие медицински сестри кои со години работеле во болниците за 12-15 илјади денари ќе бидат сега условени со награда за вработување? Дали со оваа промена ќе биде запишан нивниот минатогодишен труд и дали ќе биде решен недостатокот на медицински сестри? За жал не, одговорот веќе го знаеме, тие веќе се вбројуваат во онаа бројка преку која истакнуваме дека има недостаток од персонал – велат  од Здружението за весникот ВЕЧЕР.

Тие сметаат дека во болниците важно е да се регулира нивниот работен стаж, годишните одмори, слободните и вишок часови, инфективни додатоци, но и согорувањето…

-Промената од договор на дело во статус вработен не е доволно. Зарем нивниот труд во изминатите години ќе биде залуден и нивното досие ќе остане празно? – прашуваат сестрите од ова здружение и дополнуваат дека во Европа и регионот се работи на профилирање и синхронизирање на квалификациите на сестрите.

Според нивното објаснување во интензивните неги не може да работи медицинска сестра без соодветна специјализација.

-За жал, кај нас ние не им го признаваме образованието, не ги препознаваме по специјализација и не ги плаќаме по договорност сестрите со ССС.“ – посочуваат  од извршниот одбор на Унијата предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“.

Сестрите одамна се со незавиден социјален статус, а Унијата константно се бори да се промени овој статус, но со претходен системски ресет во сестринството во однос на образованието, поттикнувањето на академските студии, донесувањето на законот за сестринство,  како и формирање на комора, процес на лиценцирање. Тие сметаат дека треба да се формира сектор за сестринството во министерството за здравство односно онаму каде се носат одлуките,а со тоа ќе се овозможи бенефиции за сестрите, плата по одговорност и еднаква можност за едукација и образование.

(В.Ма.)