Блиц: Во стравотни судари на автопат во Србија загинаа двајца Македонци и петмина Срби

12

Во два стравотни верижни судири кои се случија на автопатот Белград-Ниш во обата правца, на речиси исто место во исто време, загинаа пет српски државјани и двајца Македонци, дознава Блиц.

Во незапаметениот верижен судир повредени се над 35 лица, а оштетени се над 40 возила.

Имено, паралелно се случиле две сообраќајни несреќи, едната во правец Белград-Ниш, а другата во правец Ниш-Белград.

Во првата сообраќајка, од Белград кон Ниш, загинаа четири лица, а десетмина се повредени. Во таа несреќа учествуваа над десет возила, при што два камиона се запалија.

Вториот судар се случил на истото место но во другиот правец, од Ниш кон Белград. Во таа несреќа загинаа три лица, а над 10 се повредени. Во судирот учествуваа девет камиони и неколку автомобили.

Несреќите се случиле речиси истовремено, во вторникот утрото околу 7 часот. На местото на несреќата беа упатени коли за брза помош и противпожарни возила.