БЛАГИЦА ПАВЛОВСКА И ЃОКО ЃОРЧЕВ ГИ СЛАВЕА СВОИТЕ РОДЕНДЕНИ

5

Некако во исто време, ама на време популарните македонски пејачи Благица Павловска и Ѓоко Ѓорчев ги славеа своите родендени. Благица во друштво на своите најсакани гости (пријатели, колеги, роднини) го прослави јубилејниот 60-ти роденден, а Ѓоко 63-от, и тој со своите најблиски.

И, како што е редот, се случи песната без престанок до рани зори и македонска песна и онаа странска, секоја од песните како мерак за веселите души. Така и треба, а и да се наздрави и да се посака пред се здравје, за уште многу години. Благица прекрасно облечена, дотерана никогаш порасположена, а Ѓоко исто така во свеченото руво. И, навистина, нека им е за многу години на легендите на македонската естрада.    Дуле М.