Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните празници беше бесплатно за сите граѓани на Македонија. Како што информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар така ќе биде и за претстојните божиќни празници.
Од „Паркинзи“ потврдуваат дека и за време на божиќните празници на 6.1. (петок) и 7.1.2023 година (сабота) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните.
Од утре до Божиќ паркиралиштата Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време 00:00 – 24:00 часот и редовна наплата
-Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 9.1.2023 година (понеделник) со вообичаено работно време. Депото на Пајак-службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците, известуваат од ЈП ПОЦ.