Фудбалската репрезентација на Македонија ги дозна противниците во квалификацискиот циклус за претстојното Светско првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и во Мексико.
Нашиот национален тим ќе се натпреварува во групата Ј, а за противници ги доби репрезентациите на Белгија, Велс, Казахстан и на Лихтенштајн.
Нема дилема дека селекцијата на Белгија е апсолутен фаворит кога е во прашање првата позиција, која гарантира директен пласман на завршниот турнир, а избраниците на Благоја Милевски, сигурно, ќе водат голема борба со репрезентативците на Велс кога е во прашање втората позиција, која води во баражот.
Селекцијата на Белгија активно работи на подмладување, но големи се шансите на националната арена „Тодор Проески“ да истрчаат светски познатите ѕвезди како Кевин де Бруин, Ромелу Лукаку, Џереми Доку…
Кога е во прашање репрезентацијата на Велс, таа моментално нема некоја голема ѕвезда, но најголемиот дел од репрезентативците настапуваат во англиската Премиер лига.
Група А: победникот од Германија – Италија, Словачка, С Ирска, Луксембург. Група Б: Швајцарија, Шведска, Словенија, Косово. Група Ц: поразениот од Португалија – Данска, Грција, Шкотска, Белорусија. Група Д: победникот од Франција – Хрватска, Украина, Исланд, Азербејџан. Група Е: победникот од Шпанија – Холандија, Турција, Грузија, Бугарија. Група Ф: победникот од Португалија – Данска, Унгарија, Р Ирска, Ерменија. Група Г: поразениот од Шпанија – Холандија, Полска, Финска, Литванија, Малта. Група Х: Австрија, Романија, БиХ, Кипар, Сан Марино. Група И: поразениот од Германија – Италија, Норвешка, Израел, Естонија, Молдавија. Група Ј: Белгија, Велс, МАКЕДОНИЈА, Казахстан, Лихтенштајн. Група К: Англија, Србија, Албанија, Летонија, Андора. Група Л: поразениот од Франција – Хрватска, Чешка, Црна Гора, Фарски Острови, Гибралтар.