Барела замена за Алан

11

Доколку предвреме биде прекината соработката со бразилскиот интернационалец Алан, раководните лица на италијанскиот калчолигаш Наполи ќе се обидат да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец во дресот на Калјари, Николо Барела.

Алан веќе со месеци важи за голема желба на раководните лица на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, кои се подготвени да одвојат околу 80 мил. евра за неговото обештетување. Паричната сума која ќе биде заработена од продажбата на Алан, Наполи ќе ја искористи за купување на Барела кој исто така е проценет на 80 мил. евра.