Со концерт насловен „Македонски подобро звучи – Едиција 4”, еден од највлијателните бендови на македонската музичка сцена „Архангел”, ќе го затвори првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски” на Македонскиот народен театар.
Концертот ќе се одржи на 2. октомври, со почеток во 21:00 часот и е подржан од Министерството за култура и Македонскиот народен театар.
Со стартот на новата сезона, во чест на прерано починатиот актер, МНТ ја отвори летната сцена „Славиша Кајевски“ (плато/летната тераса покрај течението на реката Вардар) на 17 септември со музичкото драмско дело/рап-перформансот „Црнила ремикс“. Првото издание вклучуваше повеќе театарски претстави и музички настани.