Бразилскиот интернационалец од редовите на Брајтон, Жоао Педро, е најновата желба на менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Микел Артета. Шпанскиот стручњак побара од клупските челници да ангажираат нов напаѓач за време на зимскиот преоден рок, а неговата желба ќе стане реалност само доколку понудата за 23-годишниот Бразилец не биде помала од 50 мил. евра.