Арсенал го одбив поради Џерард

3

Бомбардерот на каталонскиот гигант Барселона, Луис Суарез, најпосле ја откри главната причина поради која не ја прифатил понудата на лондонскиот премиерлигаш Арсенал.

После само 18 месеци како фудбалер на Ливерпул, уругвајскиот интернационалец доби официјална понуда од големиот ривал. Во неговиот договор имаше ослободителна клаузула која се активираше со официјална понуда вредна 40 мил. фунти, но “топчиите” испратија понуда вредна 40.000.001 фунти.

Напаѓачот на Барса најпосле откри дека легендарниот капитен на “црвените”, Стивен Џерард е најголемиот виновник за неговото останување на “Енфилд”.

  • Бев пред трансфер во редовите на Арсенал и самиот се убедував дека треба да заминам во Лондон. Во следниот момент до мене дојде Џерард кој ми кажа дека ако останам во Ливерпул веќе следната година ќе добијам понуда од Баерн (М), Барселона или Реал (М). Дека ќе можам самиот да изберам каде да ја продолжам кариерата. Ми кажа дека нема да бидам подобар играч ако заминам во Арсенал. Тоа беше мојот последен разговор со Џерард. Потоа го побарав мојот агент и му кажав дека сум ја донел конечната одлука, а таа е дека ќе останам во Ливерпул. Ме убедија неговите зборови. Дојдоа од човекот кој се грижеше за мене, кој ми посакуваше се најдобро, кој ме гледаше како се мачам на секој тренинг и на секој натпревар. Тоа беа зборови на вистинскиот капитен, кој многу ми има помогнато во животот, откри Суарез.