Армијата ја деминира трасата на идниот автопат Прилеп – Битола

1444

Додека Армијата ја деминира трасата на идниот автопат од Прилеп до Битола, а државата ја решава експропријацијата на земјиштето, изведувачот „Бехтел и Енка“ веќе отворија фронт за работа долг 6 километри. Од изведувачот во саботата ги уверија владините претставници, кои заедно со амбасадорката на САД беа на увид на трасата, дека новиот автопат со должина од 40 километри ќе биде готов за три години, поточно до крајот на 2027 година.

Директорот на ЈП за Државни патишта, Коце Трајановски, рече дека од 1.300 парцели досега експроприрани се 850, а од 500 хектари, на стотина се отстранети експлозивни направи, со помош на Армијата.

– Ние сме сега еден чекор пред „Бехтел и Енка“. Ако претходно нè чекаа поради решенa експропријација и деминирањето, сега веќе тоа е решено. Нема да плаќаме толку пенали бидејќи „Бехтел и Енка“ ќе треба да нè прати нас. Треба да експроприраме уште 450 парцели и да деминираме околу 500 хектари. Затоа се надавам дека со ова темпо и прогрес за три години оваа делница ќе биде готова и граѓаните на Битола, Прилеп и Ресен ќе имаат подобри услови за развојот, за економијата и за бизнисот. Ако ја земеме во предвид и обиколницата на Битола, како и експресниот пат Битола-Меџитлија кои се во план за градба, тоа практично ќе биде меѓународен пат на повисок ранг, односно ова е Коридор 10 Д – рече Трајановски.

(С.Бл.)