Антиќ: Розите не беа за Ружица туку за некој друг!

329

Иако во јавноста се шпекулираше дека Перо Антиќ ја израдувал својата сопруга со еден куп рози, сепак тој за весникот ВЕЧЕР откри дека тие цвеќиња биле наменети за друга личност.

  • Тоа не е вистина. Сето ова се случи во Гевгелија, по завршувањето на Куп натпреварот помеѓу Гостивар и Блокотехна. Бевме на вечера со пријатели и на тренерот Марјан Србиновски, кој беше бескрајно разочаран по елиминацијата, сакав малку да го развеселам, а во тој момент пристигна девојката со цвеќиња, па одлучив да ги купам сите рози за да „не плаче“. Но, и покрај се не успеав да го расположам. Што се однесува до информацијата која излезе во јавноста, да можам да кажам дека сум романтичен, па не знам кој не е, сепак таа тема си ја чувам за себе, вели мудро поранешниот македонски репрезентативец.

Останатиот дел од ексклузивното интервју со легендарниот македонски кошаркар може да го прочитате во новиот број на весникот ВЕЧЕР.