Александар Македонски останува во центарот на Скопје како грк!

20

– Истото ќе се случи и со споменикот на Филип Втори и споменикот на Олимпија. Сите евентуални решенија за спомениците кои се од светското цивилизациско наследство ќе бидат во насока на потврдување на пријателството помеѓу Македонија и Грција. Едно е сигурно ние нема да се срамиме спомениците да ги нарекуваме така како што се, рече Бошњаковски.

Спомениците изградени во рамки на проектот „Скопје 2014#, кои ја отсликуваат хеленската култура како историско и цивилизациско наследство на светот ќе го добијат тој епитет, информираше вчера портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

– „Воинот на коњ” ќе го преименуваме во тоа што вистински е – Александар Македонски и ќе дадеме објаснување во рамки на споменикот за што станува збор односно „Александар Македонски како дел од хеленскиот антички период и како светско културно наследство”, истакна Бошњаковски.

Според него, овој споменик нема да се урива туку тој ќе остане како симбол на пријателство помеѓу Република Македонија и Република Грција.

– Истото ќе се случи и со споменикот на Филип Втори и споменикот на Олимпија. Сите евентуални решенија за спомениците кои се од светското цивилизациско наследство ќе бидат во насока на потврдување на пријателството помеѓу Македонија и Грција. Едно е сигурно ние нема да се срамиме спомениците да ги нарекуваме така како што се, рече Бошњаковски.

Посочувањето на хеленската култура, како историско и цивилизациско наследство на светот, на споменици од “Скопје 2014” е предвидено со договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за спорот со името.

Како што изјави премиерот Заев, за опсегот во внатрешноста на земјата, македонската придавка ќе се користи за се што произлегува од идентитетот и јазикот, секаде ќе се употребува македонски, македонска, македонско.

За се што е поврзано со државните институции, службено и официјално ќе биде согласно новото име.

– Со прифаќањето на уставните измени тоа значи со промена на Уставот и конечното ратификување на договорот во Грција оваа влада ќе биде влада на Република Северна Македонија, но ќе зборуваме за македонска влада, рече Заев.