Климатски активист ја залепи со лепак главата за славната слика „Девојката со бисерна обетка“ во музејот во Ден Хаг. Ремек-делото за среќа не е оштетено, објавија од музјеот.
Друг активист залепи рака за ѕид покрај сликата на холандскиот сликар Јан Вермер од 1665 години и на неа истури непозната течност, информираат од музејот.
Видеоснимките од нападите, што се проширија на социјалните мрежи прикажуваат двајца мажи покрај славниот портрет, о двајцата облечени во маици на кои пишува -Just Stop Oil (запрете ја нафтата).
„Полицијата доби дојава и уапси три лица. Состојбата на сликите ја анализира наш реставратор. За среќа, ремек-делото е заштитено со стакло и не е оштетено“ – стои во соопштението од музејот.
На снимката што ја објави холандскиот музеј, еден од луѓето вели: „Како се чувсвувате кога гледате дека нешто прекрасно и непроценливо се уништува пред ваши очи? Тоа е истото чувство кога ќе видите како се уништува нашата планета“.
Ова е втор ваков протест во текот на овој месец. Пред две недели активостите истурија супа на славната слика „Сончогледите“ од Винсент Ван Гог во лондонската Национална галерија. И таа слика била заштитена со стакло.
Пред неколку дена активистите з аклиматски промени фрли пире компир на познатата слика од Клод Моне, вредна 110 милиони долари. Две членки на германското здружение Последна генерација, денеска „нападнале“ вредно уметничко дело во музејот Барберини во Потсдам.
NOW – Attack on Johannes Vermeer’s famed “Girl with a Pearl Earring” painting at a museum in The Hague.pic.twitter.com/N9OgTEnYvb
— Disclose.tv (@disclosetv) October 27, 2022