Еден од најдобрите боксери во лесна категорија, Американецот Флојд Мејведер, во понеделникот експресно го нокаутираше младиот Јапонец, Теншин Насукава, и за таа борба тој си инкасираше голема сума, а после овој меч повторно е отворена можноста за меч против УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов.
Менаџерот на Дагестанецот, Али Абделазиз во разговор за „ТМЗ Спорт“ истакна дека Флојд се моли за борба против Хабиб.
- Со Флојд се допишувам во последниот месец. Тој ме преколнува за борба со Хабиб. Му кажав дека е стар и дека телото му е слабо. Луѓето мислат дека сум луд, но навистина верувам дека Хабиб би го претепал. Тој мисли дека Нурмагомедов е лесен плен, но млад е и многу поцврст, изјави Абделазиз и продолжи:
Флојд не е борец, тој е спортист. Во УФЦ морате да бидете комплетен борец. Тој би добил тежок ќотек ако го сретнеме на улица, бидејќи не знае да се брани во таква борба. Нема храброст да влезе во таква борба. Од друга страна Хабиб е спремен да се бори каде било. Флојд тоа може да го прави само во боксерскиот ринг, заврши менаџерот на Дагестанецот.