Академија Пандев организира летен камп во Бугарија

11

Од 16 до 21 овој месец Академија Пандев организира летен фудбалски камп во Разлог, Република Бугарија. На кампот ќе учествуваат 310 деца, родени од 2004 до 2010 година од сите филијали на Академија Пандев во Македонија, како и млади фудбалери од Србија, информираат од клубот.

Според информациите од клубот на Горан Пандев, на кампот во Бугарија тренинзите ќе ги водат тренерите Алаксандро Сагерас од Академијата на Реал Мадрид и Ангелос Зазопуло од грчки ПАОК.

На кампот специјален гостин е Горан Пандев, а заедно со него ќе допатуваат и неговите менаџери од Италија Леонардо Корси и Давиде Вега. Тие по завршувањето на кампот ќе одберат неколку најталентирани деца, кои ќе заминат на седумдневна проба во италијанските лигаши од Серија А-Емполи и Џенова.