Осумнаесет милиони евра за реконструкција на студентските домови

352

Покрај двата студентски дома во Скопје, ќе се реконструираат и другите домови во државата, најави премиерот Христијан Мицкоски. За оваа намена, ќе бидат вложени над 18 милиони евра.

– Ќе бидат вложени осумнаесет милиони евра во реконструкција на двата студентски дома во Скопје, „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“. Но, исто тоа ќе биде проектирано и во другите универзитетски центри во државата, така што и тоа е едно од оние ветувања што ги дадовме за студентите и за младите – изјави премиерот.

Почната е реконструкцијата во двата студентски дома, се изведува електричната инсталација и тој очекува да биде завршена во следниот период. Во државата има повеќе студентски домови во неколку града: Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово.