EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Искусниот српски кошаркар, Бобан Марјановиќ, по девет години се врати во Европа, изненадувајќи многумина со потписот за турски Фенербахче. Во текот на летото, најмногу се пишуваше дека ќе замине во редовите на Бешикташ, но наместо тоа, реши да потпише за Фенер и да се бори за титулата во Евролигата.

  • Сакаме Бобан да биде Бобан, чекаме да ни се придружи – изјави тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус.

Според турските медиуми, Бобан Марјановиќ месечно ќе заработува околу 45.000 евра во Фенербахче, што е многу скромна сума кога ќе се земат предвид моменталните плати во Евролигата. Дополнително, можат да го раскинат договорот веќе во јануари, доколку не е задоволна една од двете страни, а тоа се, секако, пари што не претставуваат голем ризик за Фенербахче, а можат да ја направат „кражбата“ на годината во Евролигата.

Во последните две сезони во НБА-лигата, Маријановиќ имаше мала минутажа, но сигурно е дека ќе биде од големо значење за тимот од Истанбул.

Во текот на кариерата, настапуваше за Хемофарм, ЦСКА од Москва, Жалгирис, Нижни Новгород, Раднички Крагуевац, Мега, Црвена звезда, Спарс, додека во НБА беше дел од Детроит, Клиперс, Филаделфија, Далас и од Хјустон.