Нема преживеани во авионската несреќа во Калифорнија

118

Нема преживеани во падот на авионот што во понеделникот вечерта се урна во областа Ел Кајон во јужна Калифорнија, но сѐ уште не се знае колку луѓе загинале, јавува Си-Ен-Ен.

Авионот требало да слета на локалниот аеродром кога се урнал нешто по 19 часот, соопшти Одделот на шерифот на округот Сан Диего.

Пожарникарите не пронајдоа преживеани на местото на настанот, се вели во соопштението, но локалните власти не прецизираа колку жртви се пронајдени.

На терен нема повредени, потврдија од кабинетот на шерифот на тој округ, а екипи на судска медицина ќе извршат увид и идентификација на жртвите откако ќе бидат информирани членовите на семејството, се нагласува во соопштението.

Според извештајот од кабинетот на шерифот, станува збор за авионот „Лирџет“, но никој од официјалните лица не е сигурен колку луѓе имало во него, јави КГТВ, огранок на мрежата Си-Ен-Ен.