Кривична пријава против двајца насилници од Скопје

132

Секторот за внатрешни работи во Скопје поднесе кривична пријава против С.Ч.(42) и Р.Г.(40) од Скопје, поради физички напад и закана со пиштол кон друго лице.

Како што информираат од МВР, завчера, по претходен телефонски разговор, на подрачјето на Гази Баба, С.Ч. се сретнал со М.С.(46) од Скопје, по што физички го нападнал и со закана со пиштол го принудил да влезат во неговото возило, по што отишле во продажен објект на подрачје на Гази Баба, каде што бил Р.Г. и уште две женски лица.

Тие одреден период го држеле во објектот, при што С.Ч. го удрил М.С. со пиштолот.

Од МВР соопштија дека пријавените истиот ден биле приведени во полициска станица, а од С.Ч. бил одземен пиштолот.