Како слабиот и ситен келнер стана најдобар досега?

139

Лука Модриќ го прослави својот 39-ти роденден и веќе може да каже дека ги исполни сите детски соништа. Особено, интересни биле неговите почетоци, кога работел како келнер во еден ресторан во Задар.

Модриќ денес важи за најдобриот играч за врска во историјата. Кога имал 15 години не бил ни свесен дека еден ден неговото име и презиме ќе бидат рамо до рамо со великаните на фудбалската игра.

Капитенот на Хрватска во своите витрини имаат дури 27 трофеи освоени со Реал (М), три медали со Хрватска, „Златната топка“, над 900 одиграни натпревари и статус на апсолутна икона.

Модриќ помина многу во кариерата, особено на самиот почеток кога играше на позајмица во Зрињски и Интер Запежиќ, потоа дојде во Динамо (З) и замина во Тотенхем, за на крајот да заврши во Реал каде што настапува повеќе од една деценија.

Првите фудбалски чекори ги направи во Задар. Во исто време додека ја шутираше топката околу Затон, беше и келнер. Причината е што одел во Угостителска гимназија.

Пред неколку години, Story објави интервју со готвач кој се сеќава на Модриќ кога бил келнер и каков бил славниот фудбалер како момче.

„Лука беше мало дете за кое искрено никогаш не очекував да постигне таков успех. Му реков на човекот што го донесе: „Каде ми го донесе, па не може да се справи со физичкиот напор, откри готвачот и продолжи:

“Мислев дека не може да носи ни послужавник, дефинитивно не беше келнер за мене. Но, морам да кажам дека беше многу послушен и фин. Не зборуваше многу, згора на тоа, беше многу тивок”.

„Никако не се натпреваруваше, се истакнуваше и ми делуваше многу скромно. Не беше типичен адолесцент, не пушеше и слично, што ќе речеш: секоја мајка би го сакала како син“.

„Иако имаше само 15 години, делуваше многу зрело и може да се каже дека беше како возрасен човек во мало детско тело.

„Останатите луѓе кои подобро го познаваа секогаш ќе рекоа дека тој удира со топката цел ден во Затон“, изјави готвачот на ресторанот во кој служеше Модриќ.

Иако е светска ѕвезда и глобално популарен, славата на Модриќ не го промени премногу.

Со оглед на тоа што постигна во кариерата, освен што го сметаат за најдобар играч од средниот ред досега, многумина се склони да кажат дека тој е најдобриот фудбалер што Хрватска некогаш го имала.